• Sat. May 18th, 2024

Медиумите можат да вршат притисок врз институциите за решавање на случаите со дигитално насилство врз жени и девојки

Дигиталното насилство врз жените и девојчињата може да се спречи со поактивна заложба на секој граѓанин, медиумите и институциите. Ова се пораките што се испратија синоќа на трибината што има за цел да ја крене свеста за овој вид насилство кое станува сѐ помасовно а жртвите сѐ уште немаат храброст да ги пријавуваат случаите на злоупотреба.

Медиумите имаат важна улога во вршењето притисок врз јавноста за ваквите случаи да добијат разрешница, порача новинарот Ване Трајков. Тој ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат случаите на дигитално насилство за медиумите да бараат одговорност од инстиуциите.

Настанот е во рамките на 16 дена активизам за борба против родово базирано и семејно насилство, заедничка кампања на Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, и Обединети нации.

Целите на оваа кампања се да обединат поединци и организации ширум светот за да повикаат на спречување и елиминирање на сите форми на насилство врз жените и девојчињата, во време на мир и во време на војна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *