• Sun. May 19th, 2024

Израел бесплатно вакцинира странци

вакцини израел

Израел бесплатно вакцинира странци. Десетици баратели на азил и странски работници во израелскиот град Тел Авив чекале во ред за да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19. Ова е дел од иницијативата за имунизација на странски државјани.

Градското собрание на Тел Авив и Медицинскиот центар „Сораски“ почнаа бесплатна вакцинација на странски државјани. Израел бесплатно вакцинира странци од кои многумина се баратели на азил без документи.

Меѓу примателите на вакцините имало странски работници од Филипини, Молдавија и од Нигерија. Но, имало и судански и еритрејски баратели на азил.

Израел прави напори да го вакцинира мнозинството од своето население од крајот на декември лани. Минатата недела тие ја направија вакцината достапна за сите граѓани постари од 16 години.

До денес со една доза од вакцината на „Фајзер“ се вакцинирани повеќе од 3,5 милиони луѓе, а најмалку 2,1 примиле и втора доза.

Вакцинацијата во регионот

Во Македонија, утре пристигнува првата пратка од Србија.

Претходно претседателот Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација. Но, Заев инсистирал тие да бидат платени по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.

Во минатите недели Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но сè уште нема ни трага ни глас од нивната помош за Македонија.

Најавата за осум илјади вакцини Фајзер од Србија доаѓа откако во оваа земја против корона вирус се вакцинира забрзано, а пристигнаа и вакцините од Кина. Вакцинацијата против ковид-19 во соседна Србија е во напредна фаза. Таа почна во декември и досега се вакцинирани голем број граѓани.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *