Забава

Излезе од печат Зенит

Излезе од печат Зенит. Списанието за наука, литература, култура и уметност што го издава здружението Иван Василевски од Струмица.
Станува збор за двоброј посветен на Горан Стефановски. Во него се сместени последните необјавени записи на Горан Стефановски, необјавени или подзаборавени интервјуа со него, разговори со негови соработници, но и научни трудови за неговите драми. Освен овој специјален дел присутни се и веќе препознатливите рубрики со интервјуа, есеи, критика, поезија, проза, уметнички дела и фотографии, како и осврти за нив. 

Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа заедно како двоброј на околу 270 страници.

Зенит  има меѓународна редакција во која освен домашни автори и книжевници, учествуваат и автори од Хрватска, Србија, Австрија и Полска.

Излегувањето на списанието го финансира општина Струмица.

Препорачуваме:

Големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман си доби дрес од ФК Брера Струмица

Ѓ. K.

„Е!Њуз“ згаснува по 29 години во етерот

Сузана Мицева

Поезија на зајдисонце на 14. Роднокрајни поетски средби

Сузана Мицева