Регион

Пожар во Василево, изгоре кров и спрат од куќа, ТППЕ спречи ширење

Претпладнево изби пожар во стамбена куќа во Василево каде струмичката противпожарна единица интервенираше со четири возила и девет пожарникари. Пожарот бил пријавен во 10 часот и 40 минути а пожарникарите успеале да го ликвидираат во 12 часот и 10 минути при што спречиле ширење на истиот целата куќа но и соседните објекти

,,Денес, (четврток) 20.10.2022 година во 10.40 часот, во с.Василево, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 9 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запален кров и спрат од куќа. Со големи напори е спречено ширењето на пожарот на другиот дел од куќата и соседните објекти. Пожарот е целосно ликвидиран во 12.10 часот,, објавија ТППЕ Струмица

Препорачуваме:

Законот за легализација на дивоградбите продолжен за уште пет години

Стојне Митева

До среда , целосно ќе се исчисти поројот ,,Крушевска Република,,

Во тек е оглас за издавање под закуп земјоделско земјиште до 3 ха