• Sat. May 18th, 2024

Грејната сезона почна, да се превенира опасноста од пожари апелира ТППЕ Гевгелија

ByВане Трајков

Oct 20, 2022

ТППЕ – Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголемо внимание од пожари во текот на грејната сезона, која започна на 15 октомври.

При тоа, се предупредуваат граѓаните за преземање соодветни мерки и активности, меѓу кои: да ги одржуваат оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи.

Се апелира да се избегнува неправилно складирање запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи, да се врши проверка на електричната инсталација, грејните тела, апаратите и уредите во домаќинствата и институциите, да се избегнува преоптовареност на електричните инсталации, премостување на осигурувачите и да се внимава на кратките споеви и електричното искрење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *