• Mon. May 20th, 2024

Gunther Werks Porsche 400R: Перфекција за пола милион долари

Во познатата американска тјунинг компанија Gunther Werks за 525.000 долари нудат Porsche 400R, а перфектно модифицираното купе е засновано на Серија 993.

Девет месеци по најавата на новиот проект, компанијата е подготвена да го пласира модифицираното Porsche и ќе понуди на продажба само 25 примероци.

Заинтересираните ќе имаат можност да бираат од големата палета бои, а автомобилот исто така има значително проширена каросерија, 4-литарски 6-цилиндарски boxer мотор што развива 400 кс при 7.800 вртежи во минута. Првите три рачно составувани примероци ќе стигнат до нарачателите во последниот квартал и сите се опремени со LED светла.

извор:www.kajgana.co.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *