Забава

Alfa Romeo се враќа во Формула 1 по 30 години отсуство

Alfa Romeo беше отсутна од Формула 1 патеките од средината на 80-те години.

Ретко која автомобилска компанија има историја во Формула 1 толку богата како што е тоа случајот со Alfa Romeo. Иако поминаа многу години откако последен пат видовме Ф1 болид на Alfa Romeo на патеките, сепак тимот на Ferrari остана да нѐ потсетува на легендарната италијанска компанија, носејќи го нивниот знак на болидите.

Денеска, тимот на Sauber потврди дека е потпишан партнерски договор со Alfa Romeo со кој италијанската компанија ќе се појави како главен спонзор на овој Ф1 тим. Тимот, отсега па натаму, ќе биде познат под името Alfa Romeo Sauber F1 Team.

Засега нема потврдени возачи кои ќе ги возат болидите, но се шпекулира дека тоа ќе бидат Чарлс Леклер, Маркус Ериксон или третиот возач на Ferrari, Антонио Џиовинаци.

извор:www.kajgana.com.mk

Препорачуваме:

Џ. К. Роулинг заработувала повеќе од 1 милион долари месечно во изминатите две години

Фрагменти материјална и духовна традиција „светат“ во делата на Запро Запров

Сузана Мицева

По 500 години решена мистеријата како изумреле Ацтеките