Свет

Грција крева ограда кон Турција за спречување нов бран бегалци

Грција крева ограда кон Турција за спречување нов бран бегалци. Таа ја постави 40- километарската ограда и систем за надзор на својата граница со Турција.

“Нема пасивно да чекаме на можен удар“, изјави грчкиот министер за заштита на цивилното население, Михалис Хрисокоидис, кој е загрижен од можниот нов налет на мигранти од Авганистан. Оваа одлука на грчката влада за подигнување на оградата следува откако Турција ги повика европските земји да преземат одговорност за авганистанските мигранти.

Грчкиот премиер Мицотакис телефонски разговарал со турскиот претседател Ердоган, и и двајцата се согласиле дека зголемениот пораст на луѓе кои го напуштаат Авганистан може да претставува сериозен предизвик за сите земји. Ердоган смета дека новиот мигрантстки бран ќе биде неизбежен, ако не се преземат соодветни мерки. Мицотакис се согласил дека треба да им се помогне на земјите кои се блиску до Авганистан, со надеж дека тие еден ден ќе се вратат во татковината. Но е категоричен дека Грција нема да ги живее оние „хаотични сцени од 2015 година“ и додаде дека оваа порака се испраќа насекаде и во Европа и до трети земји. За време на бегалската криза многу од мигрантите кои беагаа од војната во Сирија ја користеа Грција за транзит кон Европа, но сепак во земјата останаа 60 илјади од нив.

Препорачуваме:

Ѓукановиќ: Крајно време е да се разјаснат односите меѓу ЕУ и Западен Балкан

Орбан најави нови правила кои ќе го заменат полицискиот час

Сузана Мицева

Аргентина повторно воведува карантин

Сузана Мицева