Регион

Граѓаните да се вклучат во креирање на Буџетот на општина Василево за 2023 година

Општина Василево ги поканува своите сограѓани да се вклучат во креирањето на Програмите и Буџет на општина Василево за 2023 година.

Заради поедноставување на процесот и поголема вклученост на граѓаните,  на својата веб страна, општината креираше посебна форма УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНАhttp://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151, преку која на најбрз, едноставен и лесен начин граѓаните ќе може да ги достават своите предлози и идеи до општината.

 „Почитувани сограѓани, да го креираме Буџетот на општина Василево за 2023 година, заедно. Вашето учество во буџетскиот процес е најважниот дел во креирањето на политиките и развојот на општината. Затоа, општина Василево, упатува отворена покана до сите свои граѓани, до 10.11.2022 година,   со сопствени предлози и идеи да се  вклучат во креирањето на Буџетот и на идниот развој на општината.

Предлозите и идеите може да се достават лично во просториите на општина Василево, во писмена форма преку архивата на општината,или  преку специјално за таа намена креираната форма  на нашата веб страна,  УЧЕСТВУВАЈ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО ЗА 2023 ГОДИНАhttp://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151.“

Препорачуваме:

Ученици од СОУ„ Никола Карев “, Струмица беа дел од Светското првенство во одбојка

Dimitar Micev

Воз удри неколку мигранти на пругата Скопје-Гевгелија, еден загинат и петмина повредени

Стојне Митева

Претрес во струмичко, приведено лице за неовластено производство на дрога

Ване Трајков