Регион

Претрес во струмичко, приведено лице за неовластено производство на дрога

 На 22.04.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко. Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П..

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Препорачуваме:

Македонија е заложник на бирократиите на НАТО и ЕУ кога станува збор за прашањето околу спорот со името, смета Претседателот Иванов

Актерите бараат министерството за култура да ја повлече одлуката за директор

5.000 јаболка дневно во струмичките основни училишта

Сузана Мицева