Свет

Град во Канада целосно уништен од пожар по рекордните температури

По рекордните температури, канадскиот град Литон е речиси целосно уништен од пожар.

Градоначалникот на Литон претходно нареди евакуација на луѓето, велејќи дека пламенот се проширил на едно место за само 15 минути, пренесе Макфакс.

Во огнената стихија изгореа 90 проценти од градот, каде што беа регистрирани 49,6 степени – највисоката температура измерена некогаш во Канада. Пожарот целосно го уништил центарот на градот, место во Британска Колумбија, и предизвикал огромни оштетувања на околната критична инфраструктура.

Експертите велат дека климатските промени се очекува да ја зголемат зачестеноста на екстремни временски настани, како што се топлотните бранови.

Препорачуваме:

Шолц и Макрон бараат од Путин преговори со Зеленски и ослободување на 2.500 борци

Ване Трајков

Париз летово ќе ангажира 5 000 полицајци дневно за заштита на туристите

СЗО: Пандемијата создаде глобална ментална здравствена криза

Сузана Мицева