• Mon. May 20th, 2024

Слободен ден и ваучер од 50 евра за вакцинираните во Црна Гора

Во Црна Гора сите пензионери кои ќе се вакцинираат против коронавирус во јули ќе добијат ваучер за туризам од 50 евра.

Министерството за здравство, исто така, информира дека вработените во државните институции ќе добијат слободен ден по вакцинирањето.

Сите граѓани на Црна Гора, пак, кои биле вакцинирани со „синофарм“ или „спутник В“, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе добијат бесплатно тестирање во Институтот за јавно здравје.

Со новите епидемиолошки мерки во Црна Гора, кои ќе важат до 16 јули, се зголемува бројот на посетители на спортски настани, од 10 на 30 проценти од капацитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *