Спорт

Ѓоре Јовановски и официјално тренер на ФК Кожуф Гевгелија

Ѓоре Јовановски и официјално стана тренер на ФК Кожуф Гевгелија. Со оглед на тоа дека досега неколку години наназад Кожуф беше под раководната палка на локалниот тренер Васе Беќаров, сега доаѓа до промена на кормилото. Управата на гевгелискиот клуб сметаше дека на Кожуф во еднствената втора лига во која ќе се натпреваруваат од идната сезона, ќе им треба свежина и нешто поискусна тренерска фигура, па тоа веројатно го препознаа во Јовановски.

Се ближи почетокот на сезоната 2022/2023 год. Полека финишираме со подготовките и се насочуваме кон предизвиците што претстојат. Целите на ФК КОЖУФ е да се биде стабилен второлигаш, главно потпирајќи се на сопствениот играчки кадар. Од новата сезона ФК КОЖУВ ќе стави посебен акцент на младите кадри, кои би требало да донесат нова свежина во фудбалот на градот. Гевгелија е била и ќе биде расадник на млади таленти. Огромна чест и задоволство ни претставува што во нашите редови , ќе го имаме најтрофејниот тренер Ѓоре Јовановски. Само со желба и дисциплина ќе се дојде до успех. Во оваа прилика, се заблагодаруваме на тренерот Васе Беќаров кој несебично се залагаше за клубот и во иднина му посакуваме само успеси“, соопшти ФК Кожуф

Препорачуваме:

Се одиграа финалните натпревари на Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2023“.

Ѓ. K.

Четврта победа на пандевци за лидерско место во ПМФЛ

Ване Трајков

Академија Пандев се пласираше во полуфиналето од Купот

Ване Трајков