• Sun. May 19th, 2024

293 нови случаи на корона-вирус, 81 реинфекција

Инситутот за јавно здравје бележи раст на бројот на новиинфицирани граѓани со ковид-19. Последните две седмици бројката е зголемена речиси двојно. Според податоците што ги објавува Министерството за здравство, на 30 јуни бројот на новооткриени случаи бил 167, додека денешниот извештај за последните 24 часа покажува дека се регистрирани 293 нови случаи.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на Ковид-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *