Македонија

Гамалеја ја дозволи употребата на вакцините „Спутник В“ произведени во Србија

Министерот без ресор во српската влада Ненад Поповиќ денеска рече дека рускиот институт Гамалеја одобрил употреба на 550.000 вакцини „Спутник В“, кои се произведени на белградскиот институт Торлак до 13 август, јави дописникот на МИА од Белград.

Поповиќ за РТС кажа дека овие вакцини се со ист квалитет како и оние што се произведуваат во Русија и дека се планира производство на четири милиони дози до крајот на годината. Тој наведе дека одлуката за извоз на вакцини ќе ја донесат Владата на Србија и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Треба да се договориме со нашите руски партнери во кои земји ќе извезуваме. Треба да добиеме одобрување од нив за извоз за да не извезуваме на исти пазари. Но, сигурен сум дека за Република Српска, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, за нашите соседи, овие вакцини сигурно ќе ги има во доволни количини“, изјави Поповиќ.

Препорачуваме:

Казнети 422 лица за неносење маска

Сузана Мицева

Помалку новозаболени и приеми во болниците, маските остануваат, а можни се патувањата и свадбите

Коронавирусот полека се повлекува, пет општини без заразени лица