• Tue. May 14th, 2024

Коронавирусот полека се повлекува, пет општини без заразени лица

By

Jun 8, 2021

По долго време во земјава забележан е само еден позитивен случај на ковид 19 во Куманово.  Според епидемиолошкитe анализи на Министерството за здравство, во моментов пет градови во земјава немаат ниту еден активен случај на Ковид-19. Тоа се Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Шест градови имаат само по еден активно заразени лице, а станува збор за Ресен, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Крушево и Македонски Брод.

По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко Филипче денеска на ГККШ посочил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територијата на цела држава.

Во текот на минатата недела (од 31 мај до 6 јуни) се регистрирани 155 нови случаи на ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Оваа бројка значи намалување од 29,5 отсто во однос на една недела претходно. Новите 155 случаи биле регистрирани во 21 град, а се дијагностицирани од 19 672 тестирања. Тоа значи дека во просек минатата недела позитивни биле 0,7 проценти од тестираните.

извор:https://lokalno.mk/koronavirusot-poleka-se-povlekuva-pet-opshtini-bez-zarazeni-litsa/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *