• Sat. May 18th, 2024

Финансии за регионалните депонии

Финансии за регионалните депонии

Финансии за регионалните депонии. Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад. Опфатени се регионални депонии во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион. Ги задолжи Министерството за финансии во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации. Финансии за регионалните депонии се потребни за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.

Струмичкиот регион како земјоделски се гуши во отпад. Речиси сите населени места имаат една до две диви депонии. Купишта ѓубре се фрла и покрај локални патишта, реки и канали. Органски отпад, пластика, хартија и градежен шут има насекаде. Во нивна близина се одгледува зеленчук, овошје.

Во струмичко има над 100 диви депонии

Се претпоставува дека во струмичко има над 100 диви депонии. Од нив се шири неподнослива реа и ја загадуваат животната средина. Екологистите со години алармираат да се стави крај на неконтролираното фрлање ѓубре.

Хаосот со фрлање на отпадот насекаде треба да се реши со отварање регионална депонија. Југоисточниот регион во 2012 година преговараше со австриската  компанија АСА.  Дијалогот пропадна поради разликите околу цената што требаше да ја плаќаат граѓаните за собирање на ѓубрето.

Австријците побараа месечно домакинствата од руралните подрачја да плаќаат по 300 денари,  а од урбаните средини по 600 денари. Законската регулатива наложува општините да се здружат и воведат регионален систем за интегрирано управување со отпадот, со што би се затвориле сите општински и диви депонии. Па така овој регион постапката ја почнува од нула.

Градежниот интитут на Македонија при изработката Регионалниот план за интегрирано управување со отпадот констатира дека во овој дел од државата, околу 50 проценти од  отпадот е биоразградлив. Во ниту една од 10-те општини нема целосна селекција на отпадот ниту компостери.

Инаку струмичките комунални служби во 2020 година исчистиле 27 диви депонии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *