• Fri. May 17th, 2024

Двајца полицајци и петмина цариници фатени во акцијата за шверц на наркотици

Полицајците во два наврати требало да пренесат стока од скопскиот аеродром до зелениот појас на границата со Косово, а цариниците иако требало не направиле детален преглед на пратката

Вкупно девет лица се осомничени во акцијата за шверцување наркотици за која од утрово се спроведуваат претреси во Куманово и Скопје. Меѓу осомничените се и двајца полицајци и петмина вработените во Царинската управа.

Акцијата ја спроведува МВР, а е под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).

Осомничените во акцијата се товарат за кривичното дело криумчарење, а тројца се осомничени и за делото неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција објави и соопштение со детали околу улогата на полицајците и цариниците, според кое, двајцата полициски службеници во текот на ноември 2021 во два наврати биле дел од неовластено пренесување прекурсори и во два наврати требало да пренесат стока од царинската испостава на Меѓународниот аеродром „Скопје“ до зелениот појас во близина на границата со Косово.

Цариниците, пак, иако требало, не направиле детален преглед на стоката во која била шверцуваната стока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *