• Fri. May 17th, 2024

Програма за млади менаџери и деловни лидери

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Советот на странски инвеститори ќе спроведе програма за млади менаџери и деловни лидери, која што ќе се реализира од јануари до мај 2022 година.

Целта на оваа програма е повеќе од 30 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици.

Обуките ќе бидат спроведени во 18 (осумнаесет) компании кои што ќе бидат вклучени во програмата, а се членки на Советот на странски инвеститори, и тоа: ЕВН Македонија, Костал Македонија, Макстил, Џонсон Мети, Либерти Стил, Комфи Ангел, Ван Хоол, Пивара Скопје, Амфенол Технолоџи Македонија, Ронтис, Кромберг и Шуберт, Македонски Телеком, Шпаркасе Банка, Турмак (Џевахир Групација), Цементарница Усје, Баумер, ИутеКредит и Порше Македонија.

Во програмата можат да учествуваат студенти кои што се во последната година од додипломските студии, дипломирани студенти, како и студенти на магистерски и докторски студии на високообразовни институции од научни области со кои се занимаваат компаниите вклучени во оваа програма. Кандидатите треба да бидат на возраст до 29 години.

Сите заинтересирани студенти можат да се пријават на www.fic.mk најдоцна до 10.01.2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *