• Tue. May 14th, 2024

ДКСК го запре предметот против Ѓорге Иванов

Одлука за запирање на предметот за унапредување и именување на лица во АРМ, против поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, денеска донесе Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во продолжението на 57-та седница.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска посочи дека постапката се затвора бидејќи Комисијата нема понатаму што повеќе да прави, со оглед надминатата и сменетата фактичка состојба.

– ДКСК во целост ја испочитува постапката и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба Изборниот закон. Надлежните судски органи не ги земаа во предвид бројните појаснувања и дадени од ДКСК при утврдување на фактичката состојба. ДКСК оцени дека нема елементи за понатамошно постапување и заклучи дека предметот треба да се заклучи и архивира – изјави Ивановска, посочувајќи дека унапредувањата ги направил наредниот претседател на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *