Регион

Досега, во Општата болница Гевгелија вакцинирани 400 лица од општина

Досега, во Општата болница Гевгелија вакцинирани 400 лица од општина

Во општина Гевгелија, досега, се вакцинирани

400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“ во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Започнувајќи од денеска, имунизацијата се одвива со аплицирање од 100-те вакцини од втората пратка, истакна одговорната докторка Тодорка Окова. Нагласувајќи дека според динамиката на вакцинирање во пунктот, би требало до 21 април да се потрошат количините на располагање.Според бројот на пријавени, директорот на Општа болница, д-р Митко Крџев, истакна дека постои голем интерес на граѓаните за имунизација против КОВИД-19 од старосната група над 70 години. Додека, за одвивањето на понатамошното вакцинирање се чекаат конкретни насоки од Министерството за здравство на РСМ.Што се однесува на здравствениот билтен на Општина Гевгелија, Крџев истакна дека има благо намалување од околу 30% на новорегистрирани случаи, заклучувајќи ја ваквата констататација по бројот на дневни прегледи во КОВИД- модуларната болница.

Препорачуваме:

Ќе се збогатува туристичката понуда во Југоисточниот плански регион (видео)

Ване Трајков

Опаѓа бројот на новопозитивни и хоспитализирани лица со Ковид 19 во Струмица

Стојне Митева

Првата активност на Фондација Заев е хуманитарна помош за Украина

Сузана Мицева