• Mon. May 13th, 2024

Првата активност на Фондација Заев е хуманитарна помош за Украина

Фондавијата што ја основаше поранешниот премиер Зоран Заев денеска испрати 20 тони храна за Украина. Оваа е и прва активност на новоформираната фондација со име „Заев-едно општество за сите“.

Помошта е доставена во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Како што е наведено, помошта пристигнала во Одеса.

„Денеска Одеса доби серија хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија поточно од фондацијата на поранешниот премиер на земјата Зоран Заев – „Фондација Заев – Едно општество за сите“. Примени се 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им се потребни. Ние сме многу благодарни на народот на оваа земја и лично на господин Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против рускиот окупатор“, напиша Олександр.

Информацијата за помошта ја сподели и експремиерот Заев во објава на социјалните мрежи, коментирајќи дека Одеса е стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствувал за македонските работи.

„Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија. Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет“, напиша експремиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *