Регион

Дојран полн српски туристи

Дојран е полн со гости од Србија. Транзитни туристи, но и намерници кои остануваат повеќе денови во градот ги наполнија туристичките капацитети. Според локалната власт годинава има повеќе странски гости, а заслужни за тоа смета дека се квалитетот на услугите, убавините на Дојран, но, и промоцијата на Дојран во Србија.

Деновиве во Дојран се бара легло повеќе. Токму за празникот Илинден, заштитникот на градот се и најголемите гужви.

Годинава се очекува Дојран да ја надмине стандардната бројка од реализирани 100 000 ноќевања, затоа што сезоната почна порано и капацитетите се полни во континуитет.

Препорачуваме:

Ќе се опремуваат противпожарните единици во Југоистокот

Медот во Македонија сé уште се користи како лек

Митрополитот му подари икона на Богородица на градоначалникот Костадинов, а тој возврати монографии од Струмица

Ѓ. K.