• Sat. May 18th, 2024

Митрополитот му подари икона на Богородица на градоначалникот Костадинов, а тој возврати монографии од Струмица

ByЃ. K.

Sep 21, 2023

Денес во манастирот посветен на Покров на пресвета Богородица и св. Леонтиј во Водоча, Митрополитот Струмички г. Наум заедно со неговиот викарен епископ г. Јаков беа домаќини на владиката г. Дамаскин, Митрополит на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, кој отслужи света Литургија во чест на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица.

На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Струмица. Митрополитот г. Дамаскин се обрати на присутните и се заблагодари на гостопримството.

На крај од службата Митрополитот му подари на градоначалникот Костадинов икона на Богородица во спомен на празникот, а тој му подари монографии од Струмица. Исто така Костадинов доби покана како градоначалник и верниот народ да ја посети неговата епархија и Цариград како гости на Цариградскиот Патријарх г. Ватоломеј – со негов благослов.

„Ова за мене преставува голем поттик да продолжам да се борам со предизвиците на современието во духот на традиционалните христијански вредности“, истакна градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.