Регион

Десетина вработени во гевгелиските градинки заболени од коронавирусот

Десетина вработени во гевгелиските градинки заболени од коронавирусот

Повторниот налет на коронавирусот во Гевгелија не ги одмина ниту вработените во ЈОУ ,,Детска радост“ во чии клонови низ општината има десетина воспитувачки и негувателки заболени од Кови д-19, потврди денеска директорката на установата, Елизабета Стојменова.Поради ситуацијата во моментот згрижуваме 500 дечиња, меѓу кои за среќа немаме заболено ниту едно дете, но поради почитување на здравствените протоколи не сме во можност да им излеземе во пресрет на сите барања од родителите. Со помош на општината најдовме соодветни замени за заболените така што воспитниот процес продолжи да тече без никаков застој, рече Стојменова.

Препорачуваме:

Струмичани на протестен марш, но овој пат порачаа ,,Влада пада,,

УЈП: Засилени контроли за струмичкиот карневал

Сообраќајка на патот Струмица – Дабиле, едно лице повредено

Ване Трајков