Регион

Струмичани на протестен марш, но овој пат порачаа ,,Влада пада,,

Струмичани повторно излегоа на протестен марш, Со звуците на песната ,, Систем вара, пада Влада пада,, од групата ,,Београдски синдикат,, струмичани уште еднаш побараа повлекување на одлуката за аболиција на Претседателот Иванов но и негова оставка но и одложување на закажаните избори на 5 јуни.Меѓудругото побараа и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, но и формирање на преодна Влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе

Протестот се одржа по улиците во централното градско подрачје а на одредени пунктови струмичани преку мегафони ги објаснуваа своите барања зошто повлекување на Иванов и оставка на актуелната Влада. На протестниот марш и синоќа се пуштаа разговорите од опозициските бомби

Препорачуваме:

Под мотото „Рано дијагностицирање-клуч за успешно лечење“ денеска одбележан Светскиот ден за борба против дијабетисот

Граѓански здруженија бараат отпис на долговите за комунални услуги

За влез и излез од земјава: Се воведува ПЦР тест, вакцинален сертификат или доказ за прележаност