• Tue. May 14th, 2024

За влез и излез од земјава: Се воведува ПЦР тест, вакцинален сертификат или доказ за прележаност

За сите македонски и странски граѓани кои влегуваат и излегуваат од земјава, ќе се бара ПЦР тест, доказ за прележаност или вакцинална потврда на граница, најави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.

Оваа мерка била дискутирана на кризниот штаб утринава а ќе се најде на владина дискусија утре. Ќе се извести дополнително од кога ќе почне да важи оваа мерка, а за нејзината имплементација клучно било тоа што голем дел од граѓаните се надвор од државата на одмор.

Во Тетово не се воведуваат дополнителни мерки иако таму е критично во поглед на хоспитализациите. Има 90 граѓани во тетовската болница, во Гостивар има 70 а во Инфективната клиника во Скопје има 95.

За луѓе што се имунокомпромитирани, ќе се препорача и трета доза вакцина, најави Филипче. Тоа стигнало како најава од претседателката на Комитетот за имунизација доктор Александра Грозданова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *