• Sat. May 18th, 2024

240 активни случаи на Ковид-19 во Струмица

Со последните податоци на Министерството за здравство вкупно се 240 активни случаи на Ковид-19 во Струмица.

Во Југоисточниот регион во останатите градови ситуацијата е далеку помирна. Во сите други општини од Југоистокот има вкупно 36 активни случаи. Во Радовиш има 33 активни случаи на Ковид-19, а во Гевгелија, каде официјално има најголем број на вакцинирани граѓани во државата, засега има 3 активни случаи. Во Дојран засега има само еден активен случај на Ковид.

Богданци е единствениот град во овој регион каде засега нема активни случаи на корона-вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *