Регион

Денес е Светол понеделник, втор ден Велигден

Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.

И во овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење. Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден.

Христовото Воскресение, Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Препорачуваме:

Царовска: Во 2019 деинституционализација на Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско

Сузана Мицева

Нови 38 позитивни на ковид-19 во Струмица

Ване Трајков

За прв пат нема прием на нови болни од ковид-19 во болница

Стојне Митева