• Sun. May 19th, 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, се препорачува прилагодена брзина на движење

Патниот правец од село Виничани до Градско уште денеска нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40 километри на час, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Добивај вести на вибер

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичиц е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тона.

Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.