Спорт

Дејан Георгиевски освои сребрен медал во теквондо

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната независност.

22-годишникот од Скопје попладнево во Токио го освои сребрениот медал во теквондо, во категоријата од над 80 килограми.

Пред две децении борачот Могамед Ибрагимов освои бронза во Сиднеј.

Ривал во финалето на Георгиевски му беше најголемиот фаворит во оваа категорија, репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин, од кого загуби со резултат 15:9.

На патот до среброто, Георгиевски најпрвин го победи светскиот првак Рафаел Алба Кастиљо со 11:8, потоа во второто коло со 9:4 беше поуспешен од Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, а за пласман во финалето убедливо со 12:6 славеше над Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.

Македонија и пред независноста има освојувачи на сребрени медали на Олимписките игри, како дел од СФРЈ. Toa се: борачот Шабан Трстена, кошаркарката Стојна Вангеловска, боксерот Реџеп Реџеповски, фудбалскиот голман Благоја Видиниќ и кошаркарот Благоја Георгиевски.

Препорачуваме:

Академија Пандев славеше на Младост , ја оствари првата прволигашка победа

Битолска судиска двојка на ракометниот Супер Куп во Струмица

Ѓ. K.

Младите кошаркари на МВП Струмица со бронза на завршниот турнир, Џинес најдобар стрелец