• Thu. May 16th, 2024

Вo Струмица за недела и половина вакцинирани се 18 адолесценти

Вo Струмица за недела и половина вакцинирани се 18 адолесценти. Епидемиолозите неодамна укажаа дека само голем опфат на населението со вакцинација може да ја смени сликата со епидемијата на Ковид-19 и новите мутации коишто се реална закана.

 Во Струмица само 18 адолесценти вакцинирани. Истите вакцината ја примиле на првиот ден од вакцинацијата на возрасната група од 12 до 18 години. Од здравствениот дом во Струмица информираат дека една седмица откако е започната имунизацијата за млади нема новопријавени лица. Овие лица се вакцинираат само со Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.

Надлежните апелираат граѓаните да ја искористат можноста да се вакцинираат. Според нив, појавата на Делта сојот на коронавирусот покажува колку е важна вакцинацијата, со оглед на тоа дека таа штити од тешка форма на болест и од смрт.

  Најновите прогнози на здравствените лица се дека е потребно да се постигне праг на колективен имунитет од 80 до 85 отсто кај населението за да се спречи ширењето на вирусот. Но, овој праг ќе може да се постигне само ако со вакцинацијата бидат опфатени и адолесцентите.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *