Регион

Четири сообракајки за Илинден во Струмица – четири лица со телесни повреди

Четири сообраќајки се случија во текот на вчерашниот ден на патиштата и улиците во струмичкиот регион.. Како што информираа од струмичката полиција две сообракајки се случиле на магистралниот патен правец А4 Струмица Ново село кокретно на делницата од Струмица до населеното место Дабиле, една се случила на булеварот Гоце Делчев а една на улицата Маршал Тито. Според информациите од портпаролот на СВР Струмица Александра Трајанова во две сообраќајки,  четири лица се здобиле со телесни повреди – возач и тројца сопатници додека во останатите две сообраќајки е направена само матријална штета. Дополнително ќе се утврдуваат причините за сообраќајките што се случија вчера, речиси сите во попладневните часови.

Од СВР Струмица апелираат до сите учесници на сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи и прилагодување на брзината на возилото според условите на патот. Апелот доаѓа имајки и во предвид дека значително е зголелемен интензитетот на сообраќајот заради доаѓањето на македонските иселеници во родниот крај. Паралелно соопштуваат дека овие денови ќе бидат и зголемени контролите на сите учесници во сообраќајот.

Препорачуваме:

Ќе се опремуваат противпожарните единици во Југоистокот

Земјоделците бараат итна средба со министерот за цената за зелката

СВР Струмица: 5 нови лица се во самоизолација

Сузана Мицева