• Fri. May 17th, 2024

Нови антикризни мерки ќе има месецов, најави Владата

Овој месец се очекува повторно да биде прогласена кризна состојба во енергетиката. Од Владата најавуваат нови антикризни мерки за граѓаните и компаниите, но како главна цел го посочуваат обезбедувањето струја и други енергенси за зимата.

– Антикризните мерки ќе бидат насочени кон оние кои се најранливи во државата, како што беше и досега. Затоа граѓаните кои имаат ниски примања, кои имаат помалку од другите, треба да знаат дека ќе бидат први на кои ќе се однесуваат овие мерки, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски потсетува дека со ребалансот на Буџетот беа обезбедени 76 милиони евра за ублажување на последиците од кризата и рече дека веќе е започнат дијалог со стопанските комори за дефинирање на мерките, а пред се за снабдувањето со електрична енергија.

-Пред нас претстои најтешката зима во повоена Европа, рече Ковачевски.

Со оглед на фактот дека РС Македонија во целост се снабдува со гас од Русија, премиерот Ковачевски вели дека ќе мора да се обезбеди непречено снабдување и преку алтернативни извори, а дека ресорните министри веќе работат во таа насока во соработка со соседните држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *