Спорт

Благоj Гуцев ќе биде нов тренер на Беласица

Фудбалскиот клуб Беласица ќе има нов прв тренер во наредниот период. Се работи за довчерашниот асистент Благој Гуцев откако синобелите спогодбено ја раскина соработката со Шефки Арифовски.

Гуцев ова лето дојде како асистент во стручниот штаб на Арифовски, а сега ќе ја има првата тренерска авантура. Во играчката кариера Гуцев беше дел од Беласица, Влазрими, Пехчево, Брегалница, Силекс Трепча

На клупата на Беласица, Гуцев ќе тргне со тешко гостување кај еден од претендентите за највисок пласман, екипата на Гостивар в сабота. По шест кола на ВМФЛ, клубот од Струмица има по две победи, реми исходи и порази и се наоѓа на седмата позиција со осум бода. 

Препорачуваме:

Голманот на Турново Стоилков за Македонски спорт – Добар сум почнав да се движам !

Ване Трајков

Џио Струмица славеше против Шутова во полуфиналето од Купот- финале ќе се бара во Кичево

Ване Трајков

ВИДЕО: ВО ВЛАДЕВЦИ ПО 5 ПАТ ТУРНИР ВО ”STREET BASKET” СО НАГРАДЕН ФОНД ОД НАД 60 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ!