Македонија

Бектеши: Забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 април

На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата донесе одлука  да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 април 2022 година.

Согласно оваа одлука и во наредните 25 дена до 15 април ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.

Кога на домашниот пазар се очекува да настанат сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, согласно член 29 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, во тој случај Министерството за економија може да и предложи на Владата на Република Северна Македонија, во согласност со членот 30 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија да се изврши  ограничување на извозот или увозот на одделни стоки или пропишување на посебните услови за увоз или извоз на одделни стоки

Целта на оваа мерка е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност.

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 10 март 2022 година, донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која, почнувајки од 10 март 2022 година, се ограничува извозот на одделни стоки до 20 март 2022 година со цел  да не се овозможи  нивен извоз, со забрзана динамика на штета на домашниот пазар.

Препорачуваме:

Арсовска седна во градоначалничката фотелја

Нови 40 лица заболени од коронавирус во земјава

Ване Трајков

Министерот Шаќири за 100 дена Влада: Продолжува имплементацијата на мерките за зајакнување на активната транспарентност на работата на институциите