• Mon. May 13th, 2024

Арсовска седна во градоначалничката фотелја

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.

На локалните избори 2021, Арсовска како независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник, Петре Шилегов.

Шилегов со букет цвеќе ја пречека новата градоначалничка и и посака успешна работа во престојниот мандат.

Арсовска по победата најави дека посветено ќе работи уште од првиот ден на функцијата за да го трансформира Скопје во како што рече, зелен, чист, убав и модерен град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *