Забава Македонија Свет

Балканците со најмал расположлив приход, Скандинавците со најголем, Евростат анализира кој има најмногу пари за трошење

Балканците со најмал расположлив приход, Скандинавците со најголем, Евростат анализира кој има најмногу пари за трошење. Начинот на кој доходот и богатството се распределуваат низ општеството го одредува степенот до кој поединците имаат еднаков пристап до стоките и услугите произведени во рамките на националната економија. 

Многу важна мерка за распределба на доходот, според „Евростат“ е просечниот еквивалентен расположлив доход изразен во стандардот за куповна моќ (ППС- purchasing power standard – PPS) по жител.

Европскиот статистички центар, „Евростат“ во анализа објавена на својата веб страна, прави споредба меѓу стандарот за куповна моќ кај граѓаните во Европа, одделно во секоја земја. 

Податоците кои ги објави „Евростат“, покажуваат дека соседна Бугарија, како членка на Европската унија има меѓу најмалите расположливи приходи по глава на жител од источните земји членки. 

Од земјите на Балканот, најниска куповна моќ имаат жителите на соседна Албанија, а Македонците се малку подобри од нив. 

– Во 2020 година, просечниот расположлив приход беше во просек 17.871 ППС – стандардот за куповна моќ по жител во ЕУ. Сепак, тој значително се разликува низ земјите-членки на ЕУ и се движеше од 28.675 ППС  во Луксембург до 7.724 ППС во Романија – се наведува во анализата на „Евростат“. 

Податоците покажуваат дека највисоки нивоа на просечен расположлив приход се забележани во западните и нордиските земји-членки на ЕУ, како што се Луксембург, земја која е на врвот согласно расположливот приход, потоа следува Германија, па Австрија и Белгија.

Како што се наведува во анализата на „Евроостат“ од другата страна, или најдолу на листата со најмал просечен расположлив приход се повеќето јужни и источни земји-членки, како што се Романија, која е на самиот крај на лисатата, а едно ниво погоре е соседна Бугарија, па Унгарија и Словачка.

Согласно податоците кои ги има поставено овој статистички центар на својата веб страна, од земји од Западен Балкан кои се уште не се членки на унијата, најнизок стандард на куповна моќ имаат жителите на Албанија, а нешто поголем имаат Македонците, па Црногорците, и најдобар Србите. Уште една земја кандидат за член во унијата со слични бројки кога станува збор за стандардот на куповна моќ е Турција каде распределбата е минимално поголема од Србија.

извор: фактор

Препорачуваме:

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Сузана Мицева

Платежната агенција денеска исплати 199 милиони денари дополнителна поддршка за лозаропроизводителите

Ѓ. K.

Бектеши -Ако има потреба цените ќе се замрзнат

Ване Трајков