Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07) 9 јули, сабота, Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Курбан бајрам.
извор: makfax