Регион

Асфалтирана улицата во Ничевска маала во с. Василево

„По приближно една година од непристојните услови кои ги имаа граѓаните од Ничевска Маала во Василево, денес се реши и тој проблем. После подолг временски период се изведуваат финалните работи односно асфалтирањето на дел од локален пат во Василево кај Ничевска Маала. Граѓаните поминаа низ тежок период во овој дел на Василево. Заедно со мојот тим од општината и фирмата изведувач, сериозно пристапивме на овој проблем и еве денес со гордост можам да кажам дека успешно го решивме“,  напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод целосното завршување, односно асфалтирање на улицата во т.н Ничевска маала.

Асфалтирањето на овој дел  значи комплетна реализација на проектот Реконструкција на улица во Василево од црква Пресвета Богородица до ООУ„Гоце Делчев“ – проект вреден околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди преку Министерството за локална самоуправа од  Бирото за регионален развој,  и околу 4,5 милиони денари обезбедени од сопствени извопри на приходи.  Вкупната должина на улицата од црквата до училиштето изнесува 720 метри.

Препорачуваме:

Девет мигранти од Сирија пронајдени во автомобил што излетал од патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Стојне Митева

Се реконструира дел од улицата „Крушевска Република“

Ване Трајков

Градоначалникот Костадинов и Викарниот Епископ г.Јаков Стобиски ги пречекаа дечињата од Бадниковата поворка во Струмица

Ѓ. K.