• Sun. May 19th, 2024

Девет мигранти од Сирија пронајдени во автомобил што излетал од патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Девет мигранти од Сирија пронајдени во автомобил што излетал од патот Валандово-Струмица, возачот побегнал .Како што информираат од СВР Струмица, мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а еден од нив се здобил со телесни повреди при излетот на автомобилот. Возачот што управувал со автомобилот, пак, избегал од местото на несреќата

Девет мигранти од Сирија се пронајдени утрово во автомобил со скопски регистарски таблички, кој излетал од коловозот на патот Валандово-Струмица, на почетокот на делницата „Валандовско брдо“.
Според очевидци, автомобилот бил извлечен со дигалка и со помош на пожарникарите.„Денеска во 6:05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401, Валандово-Струмица, патничко моторно возило ‘ауди’, со скопски регистарски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале девет мигранти од Сирија“,информираат од СВР Струмица.

Како што информираат од СВР Струмица, мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а еден од нив се здобил со телесни повреди при излетувањето на автомобилот. Возачот што управувал со автомобилот, пак, избегал од местото на несреќата.„Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот“,информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *