Видео: Мијалов – повторно злато во Србија

Давид Мијалов од Радовиш го освои златото на Аквалтон натпреварувањето во Белград Србија, каде учествуваа над 40 тина натпреварувачи од цела Европа. 13 годишното момче, македонски триатлонски шампион, ова спротска дисциплина односно трка ( пливање 200 метри и трчање 800 метри) ја помина за 6 минути и 23 секунди што беше импресивен резултат имајки во предвид дека второпласираниот заостануваше дури една минута.

Ова Аквалтон натпреварување е уверитра за Давид од Радовиш кој веќе на 11 јуни ќе зеде учество на Балканскиот триатлон првенство во Олимп Романија и Европскиот триатлон куп за кадети на 19 јуни во Бургас Бугарија

Давид е член на радовишкиот тиратлон клуб Ана- Да чиј сон е да стане Европски и светски Шампион во овој спорт за кој дневно трча , вози велосипед и плива речиси по 90 километри

Related posts

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција