Струмичките гитаристи меѓу најдобрите на натпреварот во Ниш

Струмичките гитаристи освоија значајни награди на Меѓународниот натпревар по гитара во Ни, Србија. На натпреварот што се одржа изминатиот викенд, учениците од основното музичко училиште Боро Џони, заедно со менторот, Васко Пиличев ги добија следните награди: Кирил Ичков и Митко Витанов прва награда во својата категорија и лауреати за камерна музика во основно музичко. Овие ученици освоија најмногу бодови од сите категории за основно училиште, вкупно 98.

Стефан Локов и Велјан Дојчинов исто така освоија прва награда, потоа Иван Пакетов – прва награда и Кире Понов втора награда.

Натпреварот траеше 3 дена, а се претставија повеќе од 90 ученици и студенти од повеќе балкански земји.

Жири комисијата беше составена од професори по музика од повеќе земји: Србија, Македонија, Бугарија и Италија. Претставник во жирито беше и професорот Васко Пиличев.

 

Related posts

УХМР: Променливо време со појава на локални врнежи и град

Се запалило патничко возило на регионалниот пат Струмица – Берово

Струмичанец со автомобил излетал од патот, тешко повреден сопатникот