7 деца и 10 возрасни лица од Сирија синоќа приведени кај Свидовица.

7 деца и 10 возрасни лица сите од Сираија во моментов се во струмичката полициска станица.Синоќа во 23 часот во близина на местото викано Свидововичка раскрсница полициски службеници од граничната полиција на Ново Село сопреле возилата , мерцедес А класа управувано од АБ 31 гидишен од Скопје и Рено Еспејс со скопски регистраски таблички ушравувано од 34 годишниот И.М.Во моментот кога биле сопрени биле затекнати сите 17 лица .Веднаш била известена СВР Струмица и сите илегалци заедно со возачите на патничките возила биле приведени и пренесени во полициската станица во Струмица.Во 4 часот утрово по наредба на ЈО А.Б бил ослободен а И.М останува во СВР Струмица за понатамошна остапка.Додека пак илегалците во текот на денешниот ден ќе бидат спроведени во ПЦ во Склопје.Неофицијално дознаваме дека бегалците со трактори се симнати по падините на Беласици а од таму на првиот асфалт ги чекаат криумчарите кои им ветуваат на мигрантите дека безбедно ќе бидат транспортирани до излезот од земјава.Цената по мигрант за превоз од криумчарите се наплаќа од 800 до 1000 евра.
Иако бегалскиот бран заврши и влезот на бегалци и мигранти на јужната граница е сведен на минимум сепак очигледно е дека илегалните влезови во земјава на лица од Блискиот Исток ги режира некој од грчка страна.

Related posts

На 10 и 11 мај Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

44-годишна жена го загуби животот пред струмичко Костурино, во неа удрило патничко возило

Црвен крст денеска го одбележува 8 Мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина