Струмичката гимназија го презентираше новиот проект за учење од далечина

Струмичката гимназија преку видео конференции ќе се поврзува со останатите училишта од земјава и странство. Денес беше отворена салата наменета за учење од далечина, која ќе им овозможи на учениците и професорите да разменуваат искуства, да остваруваат соработки и да користат нови методи со цел да го подобрат квалитетот на знаењето. Воедно беше презентиран и начинот на користење на ваков вид електронско учење.

Секое едуцирање на учениците е добредојдено за гимназијата „Јане Сандански“, рече директорката Вања Изова Велева. Според нејзе, веќе во петок ќе биде и првата видео конференција со училиштето од Италија, со кое веќе подолго време соработуваат.

Овој проект е дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните„ кој се реализира и е кофинансиран од страна на општина Струмица и Фондација отворено општество Македонија.

Related posts

Костадинов: Се реализираат повеќе проекти во населеното место Банско

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка

Во месец мај упис на ученици во прво одделение за учебната 2024/25 година во сите општински основни училишта