Фазан Василево кај Турија ќе гради одгледувалиште за срни и диви свињи на 30 декари

Ловното друштво Фазан од Василево планира да гради размножувалиште во вкупна површина од 30 декари каде ќе се одгледуваат диви свињи, срни, зајак и фазански дивеч. За таа цел ова ловно друштво според информациите од претседателот Зоран Јанев има изработено проект и се чека добивање на земјиште.

Според планот ова одгледувалиште ќе биде под браната Турија со капацитет од 300 броја диви свињи срни и фазански дивеч. Паралелно во тек е изработка на проект за изградба на модерно стрелиште со ловна кука од 100 метри со простор од три декари околу истатат.

,,Се очекува да се комплетира документацијата од страна на Општина Василево и истото земјиште да ни се додели за да може да се започне со изградба на истото,, вели Зоран Јанев претседател на ЛД ,,Фазан,,

Инаку Фазан од Василево има свое одгледувалиште во непосредна близина на Добрашинци а деновиве на терените со кои стопанисува пуштени се десетина броја дива свиња за приплод

Related posts

МВР со детали за сообраќајката кај Радовиш: Загинаа лица на 27 и 49 години

Општина Струмица одбележа 121 години од загинувањето на Гоце Делчев

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш–Штип