Видео: Мајки со своите провооделенци играа и вежбаа заедно – убав пример од школото Видое Подгорец

Учителката Стојка Азманова од ООУ Видео Подгорец од Струмица ги спои своите ученици со нивните родители на едно место да играат и вежбаат заедно. Заради презафатеност родителите се помалку имаат време за физичка активност со своите деца. Токму овој проект што произлезе од учениците од прво б одделение од училиштето Видое Подгорец заедно со професорката Вера Божијанова Димитриева треба да биде поттик за сите, да посветиме повеќе внимание на најмладите и заедно да вежбаме, играме, трчаме, возиме велосипед, пешачиме…..Токму тоа го демонстрираа по втор пат мајките со своите деца првооделенци кои вежбаа, играа и тренираа заедно, додека татковците ги следеа. Според најавите во следната фаза од овој проект ќе бидат вклучени и татковците. Но апелот е јасен кажа Божијанова Димитриева РОДИТЕЛИ ВЕЖБАЈТЕ ИГРАЈТЕ КОЛКУ ШТО МОЖЕ ПОВЕЌЕ СО ВАШИТЕ ДЕЦА И ТОА ОД МАЛИ НОЗЕ..

Како сето тоа изгледаше во салата на ООУ Видео Подгорец од видеото…..

Related posts

На 10 мај по 14 пат ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Костадинов: Со новата градежна офанзива се опфатени сите населени места

Изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“ во Europe House Струмица