Тројца мигранти се удавија во Сува Река кај Гевгелија

Три жртви однесе Сува Река кај Гевгелија. Две сестри и мажот на една од сестрите се удавиле утрово околу 6 часот и 45 минути обидувајќи се да ја поминат надојдената река. Станува збор за група мигранти кои нелегално влегле во земјата и имале намера да транзитираат кон северната граница. Во спасувањето на луѓето учествувала и територијалната противпожарна единица во Гевгелија. Преживеаните 23 мигранти се однесени во транзитниот центар Винојуг, каде им е укажана прва помош. Неофицијално, станува збор за државјани на Авганистан.

Related posts

Први мај и вториот ден на Велигден неработни за сите граѓани

Општина Гевгелија со информација за уписи на првачиња

Малолетник силувал малолетно девојче во струмичко