Регион

Тројца мигранти се удавија во Сува Река кај Гевгелија

Три жртви однесе Сува Река кај Гевгелија. Две сестри и мажот на една од сестрите се удавиле утрово околу 6 часот и 45 минути обидувајќи се да ја поминат надојдената река. Станува збор за група мигранти кои нелегално влегле во земјата и имале намера да транзитираат кон северната граница. Во спасувањето на луѓето учествувала и територијалната противпожарна единица во Гевгелија. Преживеаните 23 мигранти се однесени во транзитниот центар Винојуг, каде им е укажана прва помош. Неофицијално, станува збор за државјани на Авганистан.

Препорачуваме:

Граѓаните реагираат за неосветлената улица кај касарната, надлежните уверуваат дека наскоро ќе има

Три кандидатури за градоначалник и осум советнички листи за изборите во Струмица

Ване Трајков

Уапсен 26-годишен струмичанец, извршил тешка кражба

Ѓ. K.