Тиверијанки со 3:1 пријателски ја надиграа Спортика од Бугарија

Фудбалерките на ЖФК ,,Тиверија,, од Струмица вчера на фудбалското игралиште со вештачка трева на стадионот Младост одиграа меѓународен натпревар со ,,Спротика,, до Благоевград Бугарија. Со головите на Сара Граматикова која дваапати се запиша во листата на стрелци и Павлинка Николовска, ,,тиверијанки,, славеа победа од 3:1. Имајки во предвид резултатот но и играта во текот на целата средба, струмичанки покажаа супериорност над бугарскиот тим, кој лани ја освои вицешампионската титула и се наоѓа на втората позиција на табелата. Инаку струмичкиот женски прволигаш предводен од тренерот Славе Велков во моментов се наоѓа на петата позиција во македонскиот женски фудбалски шампионат во чии редови има квалитетни фудбалерки и се членки на македонската женска репрезентација како во сениорскиот така и во младинските состави

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига